Полицијата на Малезија го истражува исчезнувањето на 34.500 долари од сметки на четворица патници од малезискиот авион, кој исчезна во март.
Банките забележале исчезнување на пари на 18-ти јули и спровеле внатрешна истрага, пред да и се обратат на полицијата на 2-ри август, пренесоа малезиските медиуми.
Авионот „Боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“ со 227 патници и 12 членови на екипажот, исчезна на осми март во тек на лет од Куала Лумпура за Пекинг.