Крадел низ Скопје – Ова е прилепчанецот кој украде 1.000.000 денари


Одделението за имотни деликти при Отсекот за тешки кражби до основното Јавно Обвинителство-Скопје со кривична пријава го предаде 26-годишниот Г.Т. од Прилеп кој сторил тешка кражба, поради што заработи осум дена притвор.
Пријавениот на 11 овој месец, околу 14 часот и 30 минути на улицата „Атинска“ заедно со уште едно засега непознато лице извршиле “тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со 1.050.000 денари. Откако дошле на наведената адреса, со погоден цврст алат делувал на цилиндричната брава од влезната врата на станот, ја скршил, а потоа влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни Screenshot_30часовници и 2.500 евра. Тие на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Истата во обид да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила влезната врата видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кои исто така ги забележале Г.Т и другото лице.
Откакао кажала дека станот е провален, заедно се упатиле кон излезот по лицата, кои во тој момент излегувал од зградата и На улица „Римска“ во близина на детската градинска „Мајски Цвет“ соседката и лицето што било со неа се доближиле до Г.Т. и другото непознато лице, кои откако ги забележале се обиделе да избегаат. Граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т., а другото  непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети.
По пријавувањето на кривичното дело на местото на настанот пристигнале полициски службеници кои го уапсиле крадецот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1