Крадци од пензионер одзеле 215 илјади денари


67 годишниот Љ.Ц. останал без своите 215 илјади денари откако додека влегувал во влезот на својата зграда која се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ бил нападнат од страна на непознат сторител. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот и 40 минути.

Според кажувањата на Љ.Ц. насилникот со сила му ја одзел торбата во која биле парите. Веднаш потоа ограбениот пензионер случајот го пријавил во полиција.

Од полициската станица Аеродром ги преземаат сите потребни мерки за пронаоѓање на сторителот.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1