Денеска од Свети Наум маратонците запливаа и го започнаа 26 по ред Охридски маратон.
![ohridski-maraton2](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2012/08/ohridski-maraton2-300x168.jpg)
Временските прилики нудат одлични услови за добра трка. Во вакви услови на пливачите ќе им бидат потребни околу 5 часа и 30 минути за да го завршат маратонот.
Меѓу фаворитите за победа на денешниот маратон е Бугаринот Петар Стојчев, кој десет пати е освојувач на првото место во Охрид, но годинава е надвор од конкуренција за победа во генералниот пласман.
Во водите на Охридското Езеро се и водечките во генералниот пласман на ФИНА, Австралиецот Трент Гримси како првопласиран со 78 бода, аргентинецот Дамиан Блаум како втор со 56 и третопласираниот Андреа Волпини од Италија со 40 бода. Најдобар македонски маратонец е Евгениј Поп Ацев на петтата позиција со 34 бода. Заедно со Поп Ацев, кој беше третопласиран минатата година. Во шестчлената македонска експедиција се уште и Александар Илиевски, Дејан Младеновски и Александар Панчевски, Миро Крстевски и Александар Тороманоски. Иако беше пријавен, настапот на денешната трка поради повреда го откажа Томи Стефаноски, кој беше втор на минатогодишниот маратон.
Листата кај дамите ја предводи водечката во генералниот пласман и трикратна побеничка во Охрид шпанката Естер Њуњез Гомез Морера, додека зад неа е аргентинката Гељо Пиљар.
За регуларноста на трката ќе се грижат петнаесетина судии распоредени во четири чамци, а финишот на трката ќе биде сниман на видео-запис, согласно регулативите на ФИНА.
Охридскиот пливачки маратон е со награден фонд од 25 илјади долари, а се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.