Крај за летување со се покриено – Турција го напушта системот „Аll inclusive“


Турскиот туристички сектор планира да го напушти системот All inclusive, пишува весникот Хуријет.

Ова прашање било покренато на Конфедерација на трговци и занаетчии во земјата.

Главна причина е тоа што ефектите од ваквиот начин на работа на хотелите се пониски од очекуваното.

И институциите се солгасни дека нешто треба да се менува во начинот на работа со туристите.

Турскиот министер за туризам и култура, Мехмед Ерсој, според весникот смета дека земјата треба да бара начини како да ги зголеми парите што туристите ги оставаат.

Во моментов, според хотелиерите, просечната цена од една соба е 76 евра на ден. Се очекува Турција да ја посетат 36 милиони туристи во 2018 година, што ќе генерира приходи од околу 30 милијарди долари или 4 отсто од БДП.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1