Крај за слободно патување – Германија ќе воведе визи за балканските земји!?


Поради притисокот на големиот број на мигранти кои доѓаат од земјите на Балканот, Германија планира да воведе визи за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија и Црна Гора, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Оваа година, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015 година, тој број ќе се зголеми до 450.000. Во 2014 година тој број изнесувал 202.000, пишува „Вечерњи лист“.visa

Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако, според Германците, во нивната матична земја не им се заканува прогон.

Повторното воведување на визи, особено жестоко бара регионалната влада на Баварија, бидејќи ова германската покраина е географски најблисиот дел од Германија до Балканот, е најчеста мета на барателите на азил. Токму баварската влада од својот буџет издвојува најголем дел трошоци за социјална помош или социјални кирии за овие економски бегалци, а нивниот број во споредба со 2014 година е зголемен двојно повеќе.

– Го поддржувам повторното воведување на визи за овие балкански земји – изјави во интервју за „Ди Велт“ баварскиот премиер Хорст Сихофер, пренесува „Вечерњи лист“.

Инвазијата на баратели на азил започна пред неколку години, кога за граѓаните на земјите од Западен Балкан беше укинат визниот режим за влез во Германија. Во тоа време, експлодираше бројот на луѓе кои доаѓаат во Германија само за да си ги соберат парите од социјлна помош.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1