Американската автомобилска индустрија Крајслер ги повикала сопствениците на повеќе од 919.000 џипови гранд чероки и теренските возила (SUV) Liberti во цел свет да ги однесат на вонреден сервис бидејќи воздушните перничиња можат случајно, сами од себе да се надуваат во тек на возењето.
Повикот се однесува на џиповите Гранд Чероки произведени меѓу 2002 и 2004 година и Либерти од 2002 и 2003 година. Објавата е истакната на вебсајтот на Американската управа за безбедност на патот (U.S. National Highway Traffic Safety Administration).
Истражувањето на оваа организација покажало дека перничињата се активирале кај 215 возила и предизвикале 81 полесна повреда, но немало несреќи поради овој проблем.
Крајслер кои е производител на овие возила изјавил дека бесплатно ќе го исправи недостатокот. Според нив има 775.000 SUV возила во САД, 49.000 во Канада и Мексико а останатите се надвор од САД.