Соборен нов гинисов рекорд: 28 девојки се повозија заедно во само еден „мини морис“


Дури 28 девојки успеаа да се сместат во само еден „мини морис“, со што го соборија досегаѓниот гинисов рекорд.

Девојките од англиската покраина Сасекс вежбале со недели да успеат сите да влезат одеднаш во овој автомобил и на крај сепак им успеало.

Успешниот обид за соборување на светскиот рекорд изведен е токму на светскиот ден на Гинисовите рекорди.

Тој се организира еднаш во годината, а се проценува дека токму на овој ден дури 420.000 луѓе се обиделе да соборат рекорди.

Претходнo рекорд изнесувал 27 луѓе во еден „мини морис“.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1