Кратово: Пијан наставник претепал 13 годишно дете


Наставник кој бил во алкохолизирана состојба претепал 13 годишен ученик од основното училиште “Кочо Рацин“во Кратово

policijaНа 08.02.2013 година околу 12,00 часот во Кратово во дворот од ОУ„Кочо Рацин“, пред спортската сала додека четири малолетни ученици од наведеното училиште по завршување на часот по физичко воспитување, си играле, односно фрлале топки од снег, во еден момент излегол наставникот по физичко воспитување С.Д.(60) од Кратово, фатил еден од учениците за јакната, го турнал на земја и со нозе почнал да го удира во пределот на нозете и слабината, по што наставникот влегол во салата.

Од страна на останатите ученици, оштетениот бил однесен во ЈЗУ-Кратово од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Над наставникот е извршено алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол во крвта од 0,48 промили. По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1