Во полициската станица -Прилеп, беше пријавено дека настанал пожар во зграда лоцирана на ул. „Браќа Ламески“.
Била опожарена разводната табла со 10 електрични броила и осигурувачи, која била под скалите во влезот.
Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ-Прилеп.
Од увидот е констатирано дека покрај станарите од зградата од истата табла се снабдувале и три други потрошувачи, соопштуваат од полицијата.
Висината на материјалната штета, како и причините за настанување на пожарот, дополнително ќе биде утврдена.