Пејачката Кристина Арнаудова со своите пријатели ја сподели радосната вест за нејзината втора бременост. Семејството Арнаудови за пет месеци ќе добие нов член, а Кристина го соопшти тоа на „Фејсбук“ со интересни фотографии.
– На овој убав дена сакаме со сите вас да споделиме една убава вест. Најубава! За пет месеци нашето семејство ќе се збогати со уште еден член, а јас ќе станам мајка на уште едно бебенце. Навистина сме пресреќни, а најсреќен е Максим, кој секој ден измислува имиња за бебето и си прави муабет со мојот стомак – вели Кристина.
– Пресреќни сме затоа што и јас и мојот сопруг сакаме да имаме големо среќно семејство! Благодарни сме на Бог за целата среќа со која сме благословени. Јас се чувствувам одлично и на моменти заборавам дека сум во „друга состојба“. Посакуваме се да биде добро и да ја поделиме радоста со сите добри луѓе на крајот на јануари 2016 година – вели таа.
Пејчаката додава дека изгледа по дома само таа ќе остане жена, односно дека повторно очекува син.
Арнаудова и сопругот Александар Петровски, помошник-тренер во ракометниот клуб Металургсе заедно околу 12 години, од кои во брак девет. Го имаат петгодишниот Максим.