Криза и во ИСИС – планира двојно да ги намали платите на џихадистите


Терористичката организација Исламска држава најави план за намалување на месечната плата за своите припадници во Сирија и Ирак, информира денеска Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.isis pari nafta

„Заради вонредните околности низ кои минува ИД, донесена е одлука за двојно намалување на платите на муџахедините“.Никој нема да биде изземен од оваа одлука, без разлика на која позиција се наоѓа, но распределбата на храната ќе продолжи како и досега, два пати месечно“, соопшти Исламска држава.

ИД на територијата на Ирак и Сирија прогласи таканаречен калифат, во кој применува строга интерпретација на исламското право.

Според наводите на директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман, одлуката за намалување на платите значи дека борците на ИД во иднина ќе бидат платени 200 долари месечно, место досегашните околу 400 долари.

– Странските борци, кои имаа двојно поголема плата од останатите, во иднина ќе добиваат околу 400 долари месечно, рече Рахман.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1