Денес, 8 октомври, ќе се случи целосно затемнувањето на Месечината, последно за оваа година.
Затемнувањето ќе започне во 13:25 по локално време и ќе трае 59 минути, но нема да може да се набљудува од Македонија.
NASA соопшти дека денес ќе дојде до целосно затемнување на Месечината, а тој феномен ќе можете во живо да го следите преку „стириминг“ кој го обезбеди вселенската агенција.
Тој феномен се случува кога ќе се израмнат Сонце, Земјата и Месечината. Тогаш Луната добива црвенкаст отсјај, поради што појавата често се нарекува „Крвава месечина“.
Помрачувањето ќе биде видливо само во западните делови од САД и Канада, и тоа во случај да нема облачност. Појавата ќе започне во 11 часот по наше време и ќе трае три часа и триесет минути.
NASA додаде дека следните целосни помрачувања на Месечината ќе бидат на 4 април и 28 септември, 2015 година.
Помрачувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често било толкувано како лош знак кој најавува пропаст на некој потфат.