Крваво утро во Битола – син до смрт го претепал татка си


Рано утрово околу 5:50 часот во полициската станица во Битола, педесет и петгодишниот битолчанец Б.М. самиот се пријавил дека го претепал неговиот татко Трајко М.(82).lenta policija telo

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, а од лекар на Брза помош била констатирана смрт.

Од страна на увидна екипа од СВР-Битола се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1