Крвната група ви го одредува карактерот: А се перфекционисти, 0 друштвени…


Во Јапонија речиси сите знаат која крвна група ја имаат, а некои фирми одат толку далеку што и работниците ги распоредуваат по позиции кои одговараат на нивната крвна група.

Како што постојат компатибилни крвни групи за трансфузија, така некои комбинации се подобри или полоши во односите, а групата носи одреден карактер, вели една јапонска студија.krv

Јапонците уште во 30-тите години почнале да разработуваат теорија за поврзаноста измеѓу крвните групи и карактерот, а еден од првите бил научникот Фурукава Такеи. Во Јапонија речиси сите знаат која крвна група ја имаат, а некои фирми одат толку далеку што и работниците ги распоредуваат по позиции кои одговараат на нивната крвна група. Во теоријата на врската измеѓу крвта и личноста, Rh факторот не игра никаква улога, а постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ.

КАКО СЕ СЛОЖУВААТ

Постојат научни докази дека измеѓу некои крвни групи полесно доаѓа до зачеток, а наводно постојат комбинации на крвните групи кои добро функционираат во заеднички живот. Луѓето со крвна група А најдобро се сложуваат со оние од крвна група А и АБ; оние со крвна група АБ се сложуваат со оние со крвна група 0 и А; а тие кои имаат крвна група 0, најдобро се сложуваат со оние со крвна група 0 и АБ.

КРВНА ГРУПА 0

Луѓето кои имаат крвна група 0 по правило се исклучително друштвени и спонтани. Често иницираат дружења и забави, иако многу пати не ја завршуваат започнатата работа. Креативни се и се многу популарни во своето окружување, а сакаат да бидат и во центар на внимание. Имаат повеќе самодоверба отколку припадниците на останатите групи.

КРВНА ГРУПА А

Луѓето кои имаат крвна група А наизглед се чинат како многу мирни и сталожени. Сепак, тие всушност ги прикриваат своите мисли кои никогаш не мируваат и ги прават немирни. Тие се големи перфекционисти. Од сите крвни групи, крвната група А е најмногу склона кон уметност и таков вид на изразување. Најчесто се по малку повлечени, доверливи и чувствителни.

КРВНА ГРУПА Б

Луѓето со крвна група Б се многу приземјени и во својот живот често се ориентирани кон определени цели. Поради тоа се одлични работници и не се откажуваат од своите идеи додека не ги спроведат во дело. Таа упорност може да ги чини во емотивниот живот – често инсистираат на односи иако тие не се добри. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци и тежнеат да бидат поразлични од другите.

КРВНА ГРУПА АБ

Луѓето кои ја носат оваа крвна група се всушност карактерна комбинација на крвните групи А и Б во која секогаш едната преовладува над другата. Прочитајте ги описите на тие две крвни групи и пронајдете го оној кој повеќе ви одговара, а заедничко им е тоа што се одговорни, доверливи и секогаш сакаат да им помогнат на другите.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1