Овие денови Швајцарија, по две и полгодишна истрага, првпат пред суд изведува припадник на најзавојуваните косовски кланови Ејљшани и Кељеменди, во чиишто пресметки од 2000 година до сега се убиени вкупно 14 луѓе, пишува приштинска Коха диторе.
Станува збор за убиецот, чие име не се соопштува, на С. Ељшани, кој беше убиен во мај 2013 година во Праз, во кантонот Фрибур. Ова убиство ги згрози мирољубивите Швајцарци, зашто беше извршено пред членови на семејството на убиениот и се поврзува со крвна одмазда.
Семејството Ељшани е од селото Оздрим кај Пеќ, а Кељеменди е од Пеќ. Нивниот крвав судир започнал по последната војна на Косово.
С. Ељшани е 12-тата жртва од ова семејство, но не и последна. Убиствата продолжиле и во 2013 и во 2014 година. По неговото убиство во Швајцарија, пресметката продолжила во Косово.
Во центарот на Пеќ на 13 октомври 2013 убиени се Џ. Кељеменди и К. Кукај, со истрели од калашников пред еден ресторан. Убиени се од автомобил во движење, којшто полицијата подоцна го пронашла целосно изгорен.
Но, ликвидациите не запираат тука. Во Пеќ следната година, на 21 март, повторно е пукано од автомобил во движење. Од џип било пукано од калашников во ресторан полн со луѓе, а куршумите биле наменети за В. Каљеменди Љара (28). Освен мената загимал и Ф.Б., кој бил случајна жртва, а шестмина биле ранети.
В. Каљеменди и претходно бил мета, бидејќи е син на Ш. Каљеменди, убиен на мистериозен начин во Пеќ во март 2013 година и внук на Џ. Каљеменди.
После ова веќе убиства не се случени, но бројот на убиени во двете семејства достигнал 14.
Крвавата пресметка на двете семејства започнала во 2000 година, кога во Пеќ бил убиен В. Ељшани, поранешен припадник на ОВК и тоа кога се враќал од судење на кое неговото семејство тужело неколку лица за подметнување бомба. Тој му бил брат на С. Ељшани, убиен во Швајцарија.
УНМИК ги уапсила напаѓачите на Ељшани, Албанци од Албанија, кои признаеле дека биле платени од едно познато семејство. Подоцна истрагата покажала дека тоа е семјеството Каљеменди.
Но, иако се познати убијците на сите убиства, ниту едно убиство не добило правен епилог и ниту едно лице не е уапсено за сите тие убиства.
Бидејќи косовските судови и полицијата не успеваат да ги расветлат сите тие убиства, членовите на семејствата го користат канонот на Лека Дукаѓини, според кои крв може да се испере само со крв.