Во куќата на Џејсон Фрагос во Грција беа пронајдени дури 26 јагленосани тела, кои изгореле од пожарите кои со денови беснеан на југот од Грција.
Фрагос целото свое детство го минал во оваа вила.
Вели дека за него овој објект бил „куќа од соништата“, а Мати омилено место.
Дел од луѓето во пожарите се спасиле, го нашле патот до морето. Но во оваа куќа на хоророт 26 луѓе беа пронајдени мртви. Меѓу нив имаше и деца.
„Тоа е и ќе остане тажен момент за мене и моето семејство“ – вели тој.
Фрагос додава дека иако телата се извадени, сепак местото изгледа застрашувачки.