Кумановец го убил пријателот па го фрлил во бунар – ќе лежи 8 години


Денес Основниот суд Куманово донесе пресуда со која се казнува со 8 години затвор Даниел Д.(30), кој го убил Бојан Илиевски (31), а потоа го фрлил во бунар на периферијата на Куманово.

Убиството според обвинителството се случило на 26 јуни минатата година по полноќ, кога двајцата другари Даниел и Бојан, по посета на неколку угостителски објекти и ноќен клуб, заминале во кругот на црквата „Света Мина“. Додека разговарале, Даниел извадил пиштол и испукал еден куршум во Бојан кој седел на клупата. Потоа го фрлил телото во бунарот и побегнал.

Веќе осудениот се бранеше дека не го сторил делото и дека починатиот сам си пресудил откако извршил самоубиство. Но како што истрагата одминуваше беа откриени нови детали меѓу кои и обувките на убиецот на кои што имало траги од крв.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1