Еве кога ќе падне првиот снег во Скопје


Метеоролозите велат дека оваа зима, снег во Скопје скоро и нема да видиме. Првите слаби врнежи може да се очекуваат на крајот од последната недела во декември, но со оглед на температурите и врнежите од дожд, снегот, ако воопшто падне, нема да се задржи на земјата.

Дека не чека блага зима потврдува и државниот хидрометеоролошки завод во Хрватска чии метеоролози според нивната тримесечна прогноза очекуваат малку потопол период од вообичаениот.

Во следните три месеци во целина се предвидуваат малку повисоки температури. Притоа, такви температури се очекуваат во ноември и тоа во поголемиот дел од земјите на Балканот, а позитивна промена на температурите се очекува и во декември. Од друга страна, во јануари во некои подрачја е поголема веројатноста за малку постудено време од вообичаено.

Токму во втората половина на јануари се очекуваат и снежните врнежи во главниот град. Ако уживате во снежно Скопје, подгответе се за овој период и не планирајте зимски одмор во овие денови.

Сепак, треба да се има предвид дека долгорочните прогнози даваат само општа слика за тоа какви услови не очекуваат и многу веројатно е дека во овој период ќе има продирање на воздушни струења кои можат да донесат студена или пак влажна воздушна маса, кога значително ќе влијае на временските услови.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1