Куманово: Силниот ветер урна столб со семафори, патокази и бандери


Силниот ветер во Куманово вчера урна столб со семафори и патоказни табли на крстосницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“, пренесува МИА.

Според првичните информации предизвикана е материјална штета на автомобил во движење.

– Веднаш излезени се надлежни општинските служби и преземни се неопходни мерки за отстранување на столбот од коловозната лента, изјави денеска секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска.bandera-avto-m1

РЦУК информира дека силниот ветер турнал бандера од нисконапонска мрежа, која паднала врз придружен објект со селото Свиланце. Екипи на „Македонија пат“ и на ЕВН преземале мерки за санирање на последиците. Ветерот турнал и дрво и бандера во атарот на село Челопек, каде се излезени екипи за санарање на последиците.

Општинскиот штаб за кризи, како што информира Алексовска, синоќа одржа, седница на која донел заклучоци, меѓу кои се продолжување на расчистување на критичните точки на реките и поставување насипи.

– Определени се и дежурни екипи кои ќе интервенираат во случај на можно излевање на реките и определени се местата за евентуална евакуација на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1