Купиле евтино мече на пазар, без да знаат колку всушност чини и зошто


Лиа Роџерс и Рајан Феленген продавале плишени играчки на саем, но во еден момент забележале виолетово мече на штандот на други продавачи.

Еден британски пар го купил мечето „Beanie Baby“ за 10 фунти ( околу 14 евра) на пазар, а подоцна разбрале дека истото чини околу 62.500 фунти.meda-foto-printskrin-1429540498-644289-620x325

Лиа Роџерс и Рајан продавале плишени играчки на саем, а во еден момент го здогледале познатото мече на друг штанд за стари играчки.

Како поранешен колекционер, Рајан знаел дека станува збор за ограничено издание на Принцезата Дајана Ди Бини Бејби – едно од најбараните мечиња во колекцијата, кое може да вреди многу пари. Сепак, човекот бил изненаден кога дознал дека мечето е едно од 100-те направени во цел свет и дека неговата моментална вредност не е-bay е повеќе од 60.000 фунти.meda-foto-printskrin-1429540453-644287

Ова посебно издание е направено во 1997 година, кога починала принцезата Дајана. Изданието вклучува и песна на етикетата. Парот се надева дека ќе успее да го продаде ова вредно мече за да заработи за капар за куќата што планираат да ја купат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1