Лажен полицаец и другари киднапирале девојка во Скопје


Маж се претставил како инспектор од МВР и киднапирал девојка во Скопје, со насилници ја однел во хотел. За овој настан, СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П. (33), Т.П. (31) и А.Б. (31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Како што информираат од МВР, пријавените на 12.05.2017 година околу 13 часот биле на улицата Борис Трајковски. Т.П. насилно ја внел оштетената во возило во кое биле Б.П. и А.Б.

Додека мајката на оштетената се обидувала да ги убеди пријавените да ја ослободат, А.Б. и напоменал дека е инспектор од МВР и дека нејзината ќерка мора да оди со нив.

Потоа, пријавените во хотел во близина на Водно ја држеле оштетената до полноќ, а потоа Б.П. со мотоцикл ја однел во близина на нејзиниот дом.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1