Лажна лекарка работела во брза помош во Кавадарци – имала фалс диплома


Дваесетиседумгодишна девојка доби кривична пријава и отказ откако биле утврдено дека со фалсификувани документи си обезбедила работа во Здравствениот дом во Кавадарци.

lekariТаа во болницата го приложила уверението за положени испити, со висок просек, од Медицинскиот факултет во Скопје и лиценцата на Лекарската комора, кои биле заверени на нотар, па затоа менаџерите на ЈЗО не се посомневале и ја ангажирале со договор за работа на дело во Брза помош.
Кавадарчанката не вршела интервенции, туку како почетник претежно работела административни работи и асистирала при полесни зафати под надзор на дежурен лекар.
Измамата била откриена пред два дена, кога во болницата се појавил здравствениот инспектор и ги побарал документите за работното ангажирање на лекарката, по што било утврдено дека тие биле фалсификати.
Во доказите од Медицинскиот факултет стоело дека девојката стигнала до четврти семестар и воопшто ја немало во евиденцијата на лекарското здружение.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1