Леб без брашно: Рецепт за сите кои сакаат да слабеат


Потребни состојки:

– 3 јајца
– 100 грама намаз од сирење
– ½ лажичка прашок за печиво
– малку сол
– хартија за печењеleb bez brasno

Подготовка:

– Во еден сад издвојте ги белките, додадете малку сол и изматете ги за да добиете цврста пенаста маса.
– Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво и сето тоа добро изматете го со мискер додека не добиете хомогена смеса.
– Во добиената смеса постепено додавајте ги матените белки и промешувајте за да се задржи волуменот.
– Тавчето во кое ќе го печете лебот обложете го со хартија за печење, па со лажица земајте од смесата и ставајте ја на хартијата, правејќи повеќе лепчиња помеѓу кои треба да оставите доволно простор.
– Тавчето ставете го во загреана рерна и печете околу 25 минути на температура од 150 степени.

Совети: Кога ќе го извадите печивото од рерната, ќе ве изненади нивниот изглед сличен на варена белка, но не очајувајте, бидејќи токму такви треба да бидат, но не и за долго. Имено, кога потполно ќе се изладат, печивата треба да се стават во сад со херметички капак и да се остават да отстојат преку ноќ. Во тој период тие во потполност ќе ја променат текстурата и ќе почнат да наликуваат на леб.
Лебот ќе биде многу вкусен и мек, идеален како прилог за секакви јадења и сендвичи. Печивото можете да го пресечете на пола и да го наполните со печени пилешки гради, моцарела сирење и зеленчук по желба. Или пак, можете да го наполните со слатки намази и да го јадете како десерт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1