Ледено доба ја сардиса Америка – температура под нула незапаметено и на Хаваи (Видео)


Силни снежни врнежи ја зафатија американската држава Њу Јорк, присилувајќи голем број луѓе да останат во своите домови и создавајќи вистински хаос на автопатите.

Снежната бура го затрупа градот Бафало, во Њу Јорк со покривка во височина од 1,2 метри а властите стравуваат дека до вечерните часови таа ќе изнесува и речиси 2 метри.

buffalo_snowstorm

Во текот на утрешниот ден се очекува и ново невреме. Во регионот каде снежните виулици не претставуваат големо изненадување, актуелната бура  се опишува како една од најлошите во историјата.

Заради снегот и силниот ветер, затворен за сообраќај е и голем дел од автопатот трувеј, главната сообраќајна артерија во државата Њу Јорк.

Студениот бран, некарактеристичен за средината на Ноември ја зафати речиси целата територија на САД, при што температурите во сите 50 држави паднале на рекордно ниско ниво за овој период од годината. Зачудувачки делува фактот дека дури и на Хаваите била измерена температура од 0 степени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1