Легендарниот Борис Бекер комплетно банкротира – му се одземаат имотот и трофеите


Поради неможност да ги плати големите долгови, на легендарниот германски тенисер Борис Бекер, ќе му биде конфискуван имотот вклучувајќи ги и трофеите што ги освоил за време на неговата кариера, објавија германските медиуми.

Долговите на Бекер изнесуваат околу 61 милион евра, што е многу повеќе од првично најавените 3,5 милиони, пишуваат списанијата Штерн и Бунте.

Трите трофеи од Грен слем турнирите, два од Австарлија Опен и еден од УС Опен ќе бидат ставени на аукција заедно со имотот, а претходно беа запленети четири скапи часовници во вредност од 50.000 долари.

Бекер во тешката финансиска состојба се најде откако повеќе од од 100 милиони евра загуби во лоши инвестиции, како што е сомнителниот нафтен договор во Нигерија.

Само од тениска кариера заработил околу 53 милиони евра, а во моментов работи како шеф на тенис-секторот во Тенискиот сојуз на Германија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1