Легендарната спикерка н а вестите, Бранка Станковска повторно ќе ја видиме како ги води централните вести на МТВ.
Во сабота во 19:30 токму таа ќе го започне Дневникот на македонската телевизија. Заедно ќе е со уште една легенда – Благоја Крстевски, двајцата свечено ќе го отворат новото студио на МТВ, пишува весникот Вест.
Сепак овие доајени на македонското презентерство ќе ја прочитаат само главната најава, а потоа вестите почнуваат со новите лица на МТВ Билјана Трендафилова и некогашниот уредник во А1, Горан Петрески.
Новото студио на МТВ е опремено со најсовремена технологија. Целата позадина ќе биде еден огромен лед дисплеј за кој МТВ платила безмалку половина милион евра.