Крадци го обиле домот на Мартин Протуѓер – Да или Не?


Вчера вечерта бил обиен домот на Мартин Протуѓер, шефот на кабинет на премиерот Никола Груевски, јавува ОхридСкај од извори во МВР.

Според информациите на порталот крадците провалиле во домот на протуѓер и украле мобилни телефони и лап топи. Во домот немало поголеми оштетувања и е непознато колку пари биле украдени, истрагата е во тек.

Но според информации на Курир оваа информација не е точна.

,,Од страна на МВР добивме официјална информација дека завчера не е регистрирана ниту пак забележана никаква кражба во домот каде што живее Мартин Протуѓер. Со ова МВР ја демантира објавената вест на охридскиот портал, што значи дека се работи за тешка лага и манипулација.,, пишува Курир.

Мартин Протоѓер важи за близок човек на Груевски, Од победата на изборите во 2006 тој е шеф на кабинет.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1