Ники Лауда, легендарниот возач на Формула 1, ќе биде денес во Гевгелија, пишува МКД.МК.
Според порталот легендата на Формула ќе биде гостин на промоцијата на новиот сопственик на казиното „Фламинго” – компанијата „Новоматик”.
Лауда е инаку промотор на „Новоматик“, познатиот производител на апарати за игри на среќа, а се очекува во Гевгелија да дојде преку Солун. Лауда е и сопственик на авионска компанија. Од формула се повлече по страотната несреќа која му го изгоре и унакази лицето и телото.