Американската пејачка Лејди Гага сериозно размислува да го купи имотот на Мајкл Џексон Неверленд, пишува британскиот таблоид „Сан”. Според изворите таа е подготвена да го откупи имотот од 3000 хектари, во кој има зоолошка градина, внатрешна железничка станица и специјална површина за одржување на концерти.
Неверленд беше запленет во 2008 година од страна на компанија која тргува со недвижности поради долг на кралот на попот од 23 милиони долари. Но семејството на Џексон не сака да продаде, децата на Џексон со нетрпение очекуваат да се вратат во својот дом, пишува „Сан”.
Лејди Гага пак е мнгоу блиска со сестрата на Мајкл, Латоја, а извори блиски на пејачката велат дека токму со неа и е разговарано за купопродажбата. На тој начин би се отплатил долгот, а имотот нема да заврши во рацете на некој непознат.