Лекар зел милиони долари за лажна вакцина против сида!


Откритието кое би можело да ја победи сидата, неколку години предизвикуваше голема возбуда во научните кругови, додека не беше откриено дека е лажно

Имено, се работело за клиничко испитување на серум од зајачка крв, кој го неутрализирал ХИВ вирусот. По почетното откритие, истражувањето е финансирано со дел од средства од американскиот Национален институт за здравје, во износ од 19 милиони долари.

000_sahk981201396960.siД-р Џејмс Брадац, кој во оваа институција го надгледувал истражувањето, бил воодушевен од почетните наоди кои ги нарекол „единствено откритие“, па за нив одредил милиони долари за да продолжи испитувањето кое верувало спасувачка вакцина против глобалната епидемија-ХИВ.

Со започнувањето на проверката на наодите кои биле испратени во независна лабораторија, на почетокот на годината, било откриено дека во зајачката крв се наоѓаат човечки антитела. По тоа, д-р Донг-Пјоу Хан, професор по биомедицина на Универзитетот Ајова и член на истражувачкиот тим кој го водел д-р Мајкл чо, признал дека тој уфрлил човечка крв во серумот.

Д-р Брадац рече дека такво нешто не доживеал во 24 години кариера, затоа што системот на контрола е осмислен за да се обезбедат доверливи резултати од медицинските истражувања. Според него, малку било сомнително, што вака значајно откритие не е објавено во научните весници, иако било споменувано на повеќе научни собири.

Д-р Хан, мораше да поднесе оставка на универзитетот, како и да потпише дека нема да бара државни средства за своите истражувања неколку години, што наиде на спротивставени мислења за тежината на казната. Шефот на Хан, д-р Чо, наводно воопшто не знаел за лажното истражување кое го водел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1