Лекови за грип од нашите баби


Вирусот на грип е во полн ек. Еве неколку бапски лекови како да ги ублажите симптомите.

feverТемпература

Против висока телесна температура помагаат облозите од компири. Два до три рендани компири се рендаат заедно со лушпата, се додава една лажица оцет и добиената смеса се замотува во газа. Чорапи натопени со алкохолен оцет ја намалуваат температурата.

Нос
Капки за нос можат да се направат со малку вода и лажиче сол. Овој раствор се става во празно шишенце и се користи секогаш кога носот е затворен.

Грло
праз или кромид малку потпечен во рерна се става на крпа и се става на грлото или градите.
ловорови листови – Кај воспаление на грлото и засипнатост помага вдишувањето на пареата од од чај од ловорови листови.

Жалфија  – Во вода што врие ставете една супена лажица жалфија и оставете да се излади. Се додва мала лажичка сода бикарбона па откако ќе се измеша да се процеди. Се прави гаргара колку често можете.

Против кашлица – прополис
Најдобро средство против кашлица е прополисот. Содржи богата мешавина од витамин Б и минерали. Дури и лажиче мед пред спиење е доволно за да се смири кашлањето. Во медот можете да ставите и издробен лук. Доколку осетите дека кашлицата е упорна, пијте повеќе чај од липа.

almondmilkБадеми:
Бадемите се многу корисни особено кај сувата кашлица. Седум јатки треба да се потопат во вода и да се остават да отстојат за време на вечерта а притоа да им се олупи кафеавата лушпа. Потоа, се мелат за да се добие фина смеса. Количина од дваесет грама подеднакво од путер и шеќер се додава во таквата смеса и се конзумира наутро и навечер.

Грозје:
Грозјето е еден од најефикасните домашни лекови за третман на кашлица. Грозјето ги тонизириа градите и делува како одлично средство за искашлување во период од неколку дена. Шолја сок од грозје промешан со мед се советува за олеснување на искашлувањето.

Или сварете шоља млеко со еден грст суво грозје. Нека стои покиено 1 час. Потоа испијте го млекото и изедете го грозјето. Русите овој народен лек го нарекуваат ,, природен антибиотик,,

Босилек:  

Друг ефикасен лек за оваа болест се листовите од босилек. Се зема еден грам од ова лисје и треба да се сварат заедно со малку ѓумбир во половина литар вода се додека не остане половина литар вода. Овој екстракт се зема како чај и овозможува брзо олеснување.

 Steaming-Face-Benefits-

Засипнат глас – Еве три совети како да го вратите гласот во нормална состојба. Пробајте да не зборувате во интервал од 10 минути. Не шепотете бидејќи така дополнително ги оптеретувате гласните жици. Направете гаргара со солена вода или со чај од камилица или магдонос.

Гаргара со солена вода за намалување на болките при воспалено грло е многу стар и познат лек. Солената вода го смирува воспаленото ткиво на грлото, го разредува слузот, а и иритациите како бактериите и алергените, брзо исчезнуваат. Гргорењето солена вода три пати дневно ја намалува респираторната инфекција и до 40%. За солена вода, измешајте половина кажичка морска сол и 2,4 dl вода.

ПИЛЕШКА СУПА

Пилешката супа е испробано лековито средство уште од времето на фараоните. Покрај сите прехранбени придобивки, супата го поттикнува лачењето на слузта и го скратува задржувањето на вирусот на слузницата.

luti-piperkiЛУТИТЕ ПИПЕРЧИЊА  – Не треба да се забораваат и лутата црвена пиперка, лутите феферони.

Купка за нозе од сенф
Ако не ја спречите настинката, во почетната фаза обидете се со потење. Отровите излегуваат со потта, а покачената телесна температура ги убива микробите. Пробајте и да ги потопите стапалата во купка од сенф. Во леген со топла вода ставете малку сенф во прав, додајте сода бикарбона и потопете ги нозете.

Сируп од кромид

500 грама кромид, излупете го само првиот слој од кромидот, односно оставете го во лушпата и измите го. Потоа во 1 литар вода додадете 400 грама шеќер. се вари на тивок оган најмалку еден час, па се лади околу еден час. Исцедете го и може да се чува во фрижидер.

Двете состојки делуваат антивирусно, антибактериски и против воспалително како и против разни облици на габични инфекции.

med_221_1992192184Мед и цимет

1 лажица мед – 2 лажици цимет во прав, Во еден децилитар млака вода се мешаат медот и циметот, сè додека медот не се стопи.

Напитокот пијте го два пати дневно, најдобро три дена со ред. Истото можете да го направите и без вода.

Во шолја измешајте мед и цимет, а ако ви е полесно направете си количина за неколку дена.

 ЧАЈ

Бозел е одличен лек против настинка, предизвикува потење и го чисти организмот од отровни материи.

Камилицата е одличен антисептички лек за бактериски и за габични инфекции и за настинка.

Шипка – е корисен и кај настинка бидејќи таа е еден од најбогатите извори на витамин Ц.

bijeli_luk

Лук – Лукот содржи апицин – материја која се ослободува со кинење на лушпата на лукот и набргу се распаѓа на „чудотворни молекули”, сулфурни соединенија, кои се многу стабилни, па всушност сеедно е дали ќе го јадете лукот во природна состојба или во облик на разни суплементи – капсули, таблети или прав.

Важно е само да го земате доволно – околу 600-900 милиграми дневно.

Лукот е корисен и како додаток во течноста за инхалирање како превентивно средство или за олеснување при истекување на слузта и за ублажување на симптомите во период на настинка и воспаление на синусите.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1