Лековитите води во Рупите – На водите на Баба Ванга носат и деца со посебни потреби


Kога познатата јасновитка Вангелија Гуштерова, нарекувана од народот Баба Ванга, ја прашале зошто често доаѓа во областа Рупите, таа одговорила: „Ова место е многу особено. Ми служи како акумулатор и од него црпам енергија и сила. Некогаш овде имало страшен оган, а овој гребен над нас крие една голема тајна“.

Kомплексот Рупите, кој е сместен во југозападна Бугарија, само осум километри од градот Петрич, го посетуваат туристи не само од Бугарија туку и од повеќе европски земји. Во него се црквата „Света Петка Бугарска“, изградена на периферија на згаснат вулкан и гробот на јасновитката. Околу него се минералните базени.baba23

Храмот, кој е изграден по иницијатива на јасновитката во 1992 година, е направен надвор од црковните канони. Необичниот изглед и внатрешноста на храмот долго време предизвикувале бурни реакции кај бугарската ортодоксна црква. Но, по инсистирање на Ванга и затоа што народот што ја поддржувал, таа била осветена. Првата литургија била одржана во 1994 година. Иконите на светците насликани од познатиот сликар професор Светлин Русев се премногу реални. На фасадата се насликани луѓе во инвалидски колички, а внатре покрај фотографија на бугарската јасновитка има и нејзина фреска. Храмот во внатрешноста е бел и не е живописан.

Луѓето што барааt лек за своето здравје, откако ќе запалат свеќа во храмот, одат кон местото каде што се природните базени и минералните бањи.  Од една страна, магма-карпи, кои настанале како резултат на еруптираниот вулкан во Рупите, од кои извира минерална вода со температура од 75 Целзиусови степени. На друга страна, облаци од пареа, што ги создава големата топлина на водата и се издигаат над природните базени, во кои се капеа луѓето. При нејзиното истекување температурата на водата се намалува и станува пријатна за капење и за пиење.

Жените што се капат во базените откриваат дека се надеваат оти ќе им ги реши проблемите со јајчниците и со матката. Мажите се мачкаат со кал за да си ги намалат болките во коските и во колената.

До природните базени се изградени и минерални бањи. На таблата пред влезот пишува дека минералната вода има лековити својства и помага на дигестивниот систем, за болести на ендокриниот систем и за заболувања на локомоторниот апарат, невролошки, гинеколошки, а лекува и црн дроб, простата, бубрези и кожни болести. Таа е хипертермална, хидрокарбонатна, богата со сулфид и со флуор.

Kога се пие, водата е корисна за цревната флора и за усната празнина. Се препорачува во базените за возрасни да се престојува 30 минути, со неколку одмори.

Бабинлек.ком

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1