Лепа Брена: Kиднапирањето на син ми ме разболе – се уште не заздравев (ВИДЕО)


Најпопуларниот пар во некогашна Југославија, тенисерот Бобо Живојиновиќ и Лепа Брена никогаш не биле „занесени“ од својата слава, па киднапирањето на нивното дете во 2002. година многу ги погодило и двајцата. Тие дотогаш верувале дека овие работи се случуваат само во филмовите или само на големите ѕвезди во светот.

Filip-Zivojinovic-Lepa-Brena-Slobodan-Boba-Zivojinovic-Viktor-Zivojinovic-Stefan-Zivojinovic-640x426-Тоа беше голема лекција за нас, да бидеме многу внимателни. После тоа, животот ми се промени, се разболев и до ден денеска се уште се лекувам. Кога такво нешто ќе ви се случи, вие никогаш нема да бидете апсолутно здрави како што сте биле претходно, вели Брена, во интервјуто направено од хрватски „Дневник“.

На почетокот на својата кариера сакала гламурозен живот и скапи вили. Сега сака да се пресели во некоја селска „колиба“ со бунар во дворот.

Ужива во сè она што го добила во текот на својата кариера, но никогаш не ги заборавила своите тешки почетоци кога го напуштила домот на нејзините родители во Брчко за да студира на факултетот за туризам во Белград, знаејќи дека целото семејство ќе гладува поради тоа.

– Додега студирав, и јас и моите во Брчко гладувавме, тоа ми беше лекција. Јадевме леб, колачи, јогурт, шеќер, немаше пари за ручек, месо, јадења, за во кантината… Кога изгубив сè и кога не знаев што дотогаш имав, одлучив да ги преземам работите во свои раце и почнав да работам паралелно со студирањето, рече Брена.

Иако до 1992 година таа стана најголемата ѕвезда на Балканот, вистинското задоволство од животот го почувствувала кога го родила првото дете.

-Јас ја жртвував кариерата за да си создадам семејство, бидејќи мојата кариера не можев да ја галам, де да ме прегрне, да ме бакне, вели познатата пејачка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1