Лепа Брена: Немам мир додека не се пронајдат киднаперите на мојот син


Најтрауматичниот случај во нејзиниот живот, киднапирањето на нејзиниот син, Стефан Живојиновиќ, според нејзиното признание, и оставил големи последици и и го нарушил здравјето.

lepa-brena-stefan-620x400Брена раскажала дека доживотно ќе ја прогонува фактот што власта во земјата во која одлучила да го помине нејзиниот живот, ниту 13 години подоцна не ги пронашле чинителите на грозното кривично дело.

„Јас сум мирољубива, но со фактот дека се уште не се пронајдени киднаперите на мојот син не можам да се помирам. Тоа ме боли и јаде, бидејќи во прашање е нерешен правен случај, и секој нормален човек би се чувствувал исто на мое место“,вели Лепа Брена.

Стефан беше украден во неговата 9-та година пред нивната семејна куќа. Киднаперите телефонски се јавија на сопругот на Брена, Боби, барајќи 2.500.000 марки во замена за нивниот син, под услов да не биде вмешана полицијата. После шест дена, детето беше вратено, откако според гласините, Брена на нишкиот автопат без сведоци го оставила бараниот износ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1