Туристите често не го наоѓаат она за кое платиле, па наместо удобно сместување ве чека пропаст, а надомест можат да ви дадат само доколку претходно го имате обезбедено со договор.
Неудобен душек или кревет со две ногарки скршени, апартман полн со комарци, старска минијатурна када, интернет само на рецепцијата, изгубен куфер, украдени пари или еден клима-уред на два апартмани, само се „ситници“ поради кои летото на кое му се радувавте сега сакате што побрзо да заврши.
Непријатност може да ве снајде и пред да отпатувате ако агенцијата ви го откаже аранжманот и два дена пред пат ви нуди друга алтернатива. Иако тоа можете лесно да го одбиете и да побарате цел износ да ви го вратат назад, прашање е дали ќе најдете друг поволен аранжман, а одморот веќе сте го земале?
Ако ви се случи на вас агенцијата да ви понуди алтернативно сместување на иста или подобра категорија во однос на она што сте уплатиле, на тоа не морате да се согласите додека сте во земјата. Меѓутоа, ако тоа се случи кога ќе стигнете на дестинацијата, таму ќе немате избор.
Изворите велат дека одновна работа е да патникот, кога ќе стигне на дестинацијата, да се обрати на претставникот од агенцијата и проба на лице место да го реши проблемот.
Секој пред да тргне на пат, треба добро да го прочита договорот кој го потпишува.
ИЗМАМА НА ОДМОР!
Барака наместо пет ѕвезди
Иако на слика сте виделе преубава соба со раскошна постелнина и најчист тоалет, се случува вас да ве пречека пропаст. На креветот едната ногарка е скршена, има неудобен душек, нечист тоалет, нема комарник, во кујната нема ниту едно тенџере или чинија, а има и пример кај кој два апартмана се поврзани со еден клима-уред.
Изнајмување скутер
Во прилика додека го изнајмувате скутер задолжително проверете го резервоарот да не ви се случи да останете без гориво на отворено море или езеро. Изнајмување на скутер може многу да ве чини доколку се расипе, па ќе ве натераат вие да ја платите поправката три пати поскапо од реалната цена. Затоа е најдобро да го сликате пред да го возите.
Интернет само на рецепција
Иако скоро сите туристички агенции во понудата тврдат дека во местото каде ќе се сместите има интернет, но искуството на повеќето туристи е спротивно. Освен тоа во повеќето вили или хотели нема по собите, поради огромниот број на гости скоро е неупотреблив и на рецепција.
Го изгубивте куферот
Доколку на пат се изгуби куферот, оштета која патникот може да ја очекува од агенцијата е 200 до 250 евра, па најпаметно е вредните работи да ги чувате покрај себе, Авио-компаниите се нешто погоре, па од нив во истата ситуација може да се очекува околу 1.200 евра.
Таксистите возат по подолгиот пат
Таксистите и тоа како знаат да „намирисаат“ туристи, па некои од нив ќе ве возат по подолгиот пат како би ви наплатиле повеќе. Ако сакате ова да го избегнете, возете се само со лиценцирани такси возила или однапред договорена цена, ама никако не плаќајте додека не стигнете до местото.
Измислен курс во менувачниците
Вработените во менувачниците во различни места понекогаш покажуваат лажен девизен курс. Пред да ги дадете парите, распрашајте се колку пари ќе добиете за неа и не се потпирајте на истакнатата курсна листа.
TvNova.mk