Две лица починаа ноќта во понеделникот кон вторникот во Белград, откако претходно биле тешко повредени како пешаци од страна на еден џип, соопштено е од Ургентниот центар.
Според медицински извори, тие најверојатно починале на патот кон болницата. Станува збор за машко лице на возраст околу 35 години и жена на возраст од околу 30 години.
Истите извори наведуваат дека возачот на џипот е полесно повреден.
Инцидентот се случил во населбата Дедиње, а полицијата го уапсила возачот на џипот, кој бил на возраст од 60 години.