На оваа фотографија е девојка по име Саја и таа делува како нормална јапонска ученичка, но нешто во врска со неа е навистина морничаво.
Вистината е дека таа не постои!
Нејзините фотографии се направени со користење на најновата генерација софтвер за компјутерска анимација.
Саја е направена од страна на Терујуки и Јуки Ишикава, маж и жена од Токио кои се занимаваат со 3Д компјутерска графика.
Тие објаснуваат дека најтешкиот дел од анимацијата била да ја доловат кожата да изгледа како вистинска, мека, влажна и проѕирна.