Станарите од седумкатницата на улицата Методија Андонов – Ченто 28 години одат пеш до своите станови. Иако имаат два лифта, тие не работат повеќе од четврт век, а станарите никако да се договорат да се поправат лифтовите. Cметката на ваквата неслога ја плаќаат половината станари, од повисоките катови. Некои со години се заробени во сопствените станови, пишува Дневник.
– Од 1985 година лифтовите на работат. С` што ми е потребно го пишувам на список од вечер, следниот ден зетот ми го купува и го носи. Имам болно срце, за симнување некако и ќе слезам, ама за качување, не бидува, па, така, отсечена сум од пријателките, од светот. Во една фамилија не може човек да се договори, а не тука триесет и кусур луѓе. Kако во затвор сум, ама како сама да сум се ставила – вели Ленче Илиева, која живее на највисокиот кат.
– Пронајдовме двајца инвеститори кои сакаа на покривот, кој е заеднички, да градат доградба, а за противуслуга да ни инсталираат нов лифт. Од 32 станари, 28 дадоа согласност, а четворица беа против. Заинтересираните си заминаа, а проблемите останаа – вели доскорешната претседателка на куќниот совет.
Извор – Дневник