Лифтови ќе паркираат во барокната катна гаража кај МЕПСО


При крај е изградбата на наменскиот објект што го гради станбеното претпријатие. Ќе има капацитет за 280 возила. Се очекува да биде пуштена пред септември

garaza mepsoСега се работи на фасадата по што ќе започне монтирањето на системот за паркирање. Тој ќе биде целосно автоматизиран. При паркирање на возилата ќе биде исклучен човечкиот фактор, односно лифтови ќе ги дистрибуираат возилата до паркинг-местата.

„Паркирањето на автомобилите, всушност, ќе се врши со лифтови. Тие ќе бидат на влезот на објектот, во подрумските простории. Возачите ќе ги оставаат возилата до лифтовите, ќе имаат обврска само да го земат билетот. Потоа, возилата автоматски ќе бидат преземени од лифтовите и ќе се носат до слободните паркинг-места. Поради автоматскиот систем, заради безбедност, забрането ќе биде паркирање на возила со плин“, објаснуваат од станбеното претпријатие. Информираат дека системот е веќе набавен. Тој е од Кореја и деновиве се врши негова достава преку пристаништето во Солун.

Utrinski vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1