Лицата кои земаат хонорар од повеќе места ќе мора сите да ги пријават и да платат данок на вкупната сума


Ако едно лице зема хонорар од 10 . 000 денари  за кој  работодавецот ќе  плати придонеси, а покрај овие пари  во месецот плус уште од две места зема хонорар од по 5.000 денари,  значи уште 10 000 , лицето има обврска во ПИОМ да ги пријави  сите договори. Тогаш фондот прави пресметка и од  вкупниот износ во случајот 20. 000 денари  ги  одзема  10. 000 те илјади денари, износот за кој  работодавецот  платил придонеси  , а за остатокот на работникот му поднесува пресметка-  колкав е износот на придонеси кој тој самиот треба да го плати за разликата- остатокот на сумата. Што значи ако придонесите за 20. 000 денари се 7000 , од нив 3.500 плаќа работодавецот,  останатите 3.500 денари ги плаќа работникот.denari

Барањето до ПИОМ лицето ќе може да го достави  или откатко ќе склучи договор за хонорар  или откако ќе му биде испалтен. Секој месец нема да има потреба да оди на шалтерите во фондот.

Надлежните велат дека сите процедури околу новата мерка се познати.  До ПИОМ секојдневно пристигнуваат барања.  Тие  се поднесуваат до сите филијали на фондот.

Според надлежните, мерката ќе помогне сите овие лица да бидат внесени во системот на осигуреници, а во во иднина кога ќе го завршат работниот веќ ќе имаат право на пензија.

Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1