Жителите на селата Маркопуло и Аргинија на Грчкиот остров Кефалонија се загрижени бидејќи оваа година не се појавија таканаречените „Змии на Пресвета Богородица“, коишто се појавуваат во регионот секоја година во периодот помеѓу 6 август (Преображение) и 15 август (Успение Богородично).
Станува збор за природен феномен, бидејќи змиите се појавуваат секогаш на истото место кај камбаната на самата црква. Овие змии кои што на грчки се нарекуваат и „агиофида“ или во превод „свети змии“ можат да достигнат должина и до три метри се потполно питоми и безопасни за луѓето. Она што е особено чудно е што овие змии не можат да се пронајдат на островот во било кој друг период од годината освен во оваа недела и на нивната глава и јазик се наоѓа знак во облик на крст.
Локалното население ги смета за свети, ги собира и ги носи во прочуениот локален манастир „Пресвета Богородица – Лангобарда“. Таму малите змии лазат по подот и меѓу парохјаните, радувајќи се на особеното внимание. По празникот на Пресвета Богородица, тие исчезнуваат. Локалното население го поврзува овој феномен со спасувањето на манастирот од пиратски напад во XVI век. Тогаш, како одговор на молитвите на монахињите, манастирот и целата околина се исполниле со змии, кои ги уплашиле пиратите и натерале да ја напуштат областа.
Годинава, сепак, овие мали змии не се појавија и локалните жители се тревожат дека можеби тоа е некој лош предзнак, соопштува Ромфеа. Тие паметат дека змиите не се појавиле и во 1953 год., кога силен земјотрес му нанесе огромни штети на островот. Меѓутоа, тоа се случило и во 1987 година, и во 2005 година но не било проследено со неволји.
Минатата годina манастирот беше ограбен. Злосторниците го разбија стаклото на чудотворната икона на Пресвета Богородица и ги украдоа златните дарови на верниците.
Денешен.мк