Двата бели гулаба кои Папата Франциско ги пушти како гест за мир на денешната молитва во Ватикан, ненадејно беа нападнати од други птици.
Веднаш штом две деца, кои седеа до Папата, ги ослободија птиците, кон нив се зададоа еден галеб и една голема црна чавка. Едниот гулаб на мирот изгубил неколку пердуви и успеал да се ослободил од галебот, но другиот бил посериозно нападнат и исколван од црната чавка.
Десетици илјади луѓе ја следеа молитвата од плоштадот Св. Петар во Ватикан. Во обраќањето од балконот на Папската палата, Папата Франциско ги пушти гулабите со молитва за мир, пред се во Украина, каде што неколку демонстранти загинаа во антивладините протести.