По терористичките напади на аеродромот и метрото во Брисел, настрада и еден спортист. 37-годишниот белгиски кошаркар роден во Бразил, Себастиен Белин како лежи облеан во крв беше фотографиран на аеродромот, молејќи за помош.
Тој е поранешен кошаркар на Теленет Остенде и веднаш бил одведен на операција на ногата, по експлозијата која го исфрлила 20 метри од детонацијата. Белин има шрапнели во ногата и колкот и се бори да не му биде ампутирана.
Во текот на својата кариера Белин настапуваше за белгиската репрезентација и за Остенде и Гент Хокс.