Љубовен пар се загубил на Водно – по 6 часа ги спасувале специјалци од единицата Тигри


Шестчасовна драма се одвивала синоќа на Водно, откако во 19 часот на телефонскиот број 199 се јавило момче од Скопје кое кажало дека додека со неговата вереница шетале на падините на Водно во еден момент забележале дека ја виделе браната Матка, а потоа се изгубиле.skvodnio

Алпинистичкиот тим на „Тигрите“ пребарувал од Милениумски крст на Водно кон локалитетот Матка и најпосле ги пронашле откако стапиле во телефонски контакт со момчето кое ја опишало околина, по што со давање на светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт.

Младата двојка која се загубила на Водно била пронајдена околу 01 часот и 15 минути во близина на манастирот „Св. Никола Шишевски“, по што безбедно биле спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом “Маткa“, од каде со возило ги однеле во нивните домови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1