Луфтханза го мести Лубиц? Пријатели на копилотот тврдат дека снимката од црната кутија е лажирана!


Многу пријатели на Андреас Лубиц сметаат дека снимката од црната кутија не е автентична и дека компанијата Луфтханза ја изменила за да изгледа дека Лубиц намерно го урнал авионот.

Пријателите на копилотот Андреас Лубиц тврдат дека авио-компанијата го обвинила за самоубиство за да ги прикрие механичките недостатоци на авионот.avion kopilot

Тие направиле Фејсбук страница по име „Андреас Лубиц А320, ние сме против ловот“, на која разменуваат теории за тоа што била вистинската причина за катастрофата на Алпите, пишува Daily Mail.

Многумина сметаат дека снимката од црната кутија не е автентична и дека компанијата Луфтханза ја изменила за да изгледа дека Лубиц намерно го урнал авионот. Повеќето припадници на таа страница потекнуваат од родниот град на копилотот, Монтабор во Германија, кои добро го познавале Лубиц.

Еден од нив, кој тврди дека одел на училиште со Лубиц, рекол: „Јас верувам дека Енди е невин!“. Тие исто така го истакнуваат фактот дека другата црна кутија сè уште не е пронајдена, за што тврдат дека е доказ за прикривање.

Други велат дека медиумите ѝ платиле на една од поранешните девојки на Лубиц да каже дека тој планирал да направи „гнасен чин“ по кој ќе остане запомнет. Луфтханса одбила да ги коментира овие наводи.

Непобитен факт е дека на местото на несреќата е сè пронајдено, освен мемориската картичка која наводно е загубена, а која ги содржи сите важни детали. Ваков бизарен случај досега не е забележан, затоа што црните кутии се така конструирани, што испаѓање на мемориската картичка е невозможно.

Луфтханза само 5 дена подоцна беше целосно сигурна дека втората црна кутија никогаш нема да биде пронајдена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1