Луѓето со нулта крвна група имаат најсилно срце


Сите оние кои имаат нулта крвна група треба да знаат дека имаат силно срце бидејќи имаат природна заштита од разни срцеви заболувања, тврдат научниците од Универзитетот Харвард.

Научниците откриле дека поединците кои имаат АБ крвна група, која е и најретка, имаат 23 отсто повисок ризик од срцев удар во споредба со сите останати.

Луѓето со крвна група Б имаат 11 отсто поголем ризик, а со крвна група А пет проценти поголем ризик во развојот на срцеви болести.

Научниците веруваат дека крвната група нулта има одредени супстанци во крвта кои ја потпомогнуваат циркулацијата на крвта и ја намалуваат можноста од засирување на крвта, со што се намалува и ризикот од срцев удар.

Крвната група А поврзана е со зголемено ниво на LDL – лош холестерол во крвта, додека крвната група АБ е поврзана со зголемен ризик од настанување на воспаленија, кои имаат клучна улога во оштетувањето на артериите.

– Луѓето не можат да си ја променат крвната група, но можат да ги променат своите животни навики, доколку знаат дека се во група која е подложна на срцеви болести, изјавил професорот Лу Ки.

– Треба да внимавате на здравите животни навики, да престанете со пушење, да ослабите малку и редовно да вежбате. На тој начин не мора да се грижите за тоа дали вашата крвна група носи поголем ризик за инфаркт, нагласил Ки.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1