(Не)пристојна трампа – Меркел дај 7 милијарди ќе ти ја дадам Тимошенко


Украинскиот претседател Виктор Јануковиќ и понудил на Ангела Меркел да плати “откуп” од седум милијарди долари за екс премиерка Јулија Тимошенко, тврди поранешниот шеф на украинското претседателство Олег Рибачук.

Јануковиќ ја обвини Тимошенко за кражба на 14 милијарди долари, а на Меркел ќе и ја испрати за пловина од таа сума, тврди Рибачук во интервју за сајтот Коментари а пренесува РИА новости.

Рибачук, кој е и еден од оснивачите на движењето за Правда, тврди дека украинскиот претседател Виктор Јануковиќ “откупот” и го понудил лично на германската канцеларка Ангела Меркел на еден состанок.

Рибачук, тврди дека таа информација му ја потврдил и советникот на германската канцеларка.

“Советникот на Ангела Меркел ми кажа дека и требало долго време за да си дојде на себе после ваквата понуда. Откако се соземала донела одлука да престане да му се јавува”, изјавил Рибачук.

Од украинските званичниц сеуште никој не се огласил. Тимошенко е осудена на седум години за злоупотреба на власта додека била премиерка.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1