Johnson & Johnson призна дека има отровни состојки во козметиката – ќе ги тргнеле до 2015 – а дотогаш ????


Производите за возрасни ќе се преформулираат до крајот на 2015 година. Прашањето е а што дотогаш – овие производи се користат и за бебиња ?????

Џонсон и Џонсон ги објави своите планови за отстранување на потенцијално штетните состојки кои предизвикуваат рак и другите опасни хемикалии од речиси сите козметички производи за возрасни. Според плановите тоа ќе го направел за бебешките производи до 2013, а за козметичките до 2015 година.

Признавањето и ветувањето за промена на формулата на призводство доаѓа по големиот притисок на коалицијата за здравје и животната средина. Неколку групи кој го притискаат J & J повеќе од три години.

Од компанијата изјавиле за Асошиетед прес дека се решени да направат сигурни  бебе производи, вклучувајќи го и Џонсон ,, нема повеќе солзи,, шампонот, и сето тоа до крајот на 2013 година. Производите за возрасни ќе се преформулираат до крајот на 2015 година. Прашањето е а што дотогаш – овие производи се користат и за бебиња ?????
Истражувањата на производите покажале дека повеќето козметички производи речиси од сите големи компании – содржат потенцијално опасни хемикалии.
Главните се 1,4 dioxane и конзервансот формалдехид, хемикалија наречена quaternium-15. Двете 1,4 dioxane и formaldehyde се канцерогени; формалдехид, исто така е иритатор на кожата, очите и дишните патишта. Освен овие штетни се и мирисни состојки, кои не се ниту напишани на етикети на производите.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1