Лустриран Љубомир Фрчкоски


Комисијата за верификација на фактите денеска го лустрираше поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски.

Професорот на Правниот факултет, кој своевремено беше и министер за надворешни работи според образложението на Комисијата за лустрација е прогласен за наредбодавател кој издавал наредби од идеолошко-политички причини со кои биле кршени човековите права и слободи.

frckovskiПротив одлуката за лустрација на Фрчкоски бил само членот предложен од ЛДП Чедомир Дамјановски, за кого одлуката е противуставна и спротивна на Законот.

Портпаролот на Комисијата за лустрација, Предраг Димитровски информираше дека министерот за внатрешни работи издавал наредби за следење на лица од идеолошко-политички причини.

„Покрај првичниот извештај за него се обезбедени и дополнителни документи од 15 досиеја. Значајно е што за време на неговиот мандат издавал наредби за следење на движењето и на комуникациите на лица кои настојувале легално да формираат политички партии или биле членови на други партии“, вели Димитровски.

Покрај Фрчкоски денеска беа лустрирани уште осум поранешни функционери, меѓу кои и актуелен професор на приватен универзитет, кој порано бил директор на битолскиот градски весник и претседател на Матицата на иселеници. Во рок од три дена, на официјалната веб-страна на Комисијата за лустрација, ќе бидат објавени документите врз основа на кои овие лица се прогласени за кодоши.

Nova Makedonija

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1